Затворски казни од 10 до 13 години за напаѓачите на Села

Еден обвинет се фати за глава, друг ги бришеше солзите, трет го обли пот и се издишуваше. Ова се реакциите на дел од обвинетите откако ги слушнаа казните од 10 ипол до 13 ипол години затвор за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села на 27 април.  Судијката Славица Андреевска за сите поединчено образложуваше кој и како го нападнал Села. Тошта кој доби 13 години затвор и Никола  Војминовски кој доби највисока казна од 13 ипол години го извлекле Села од групата пратеници и го предале на напаѓачите и со тоа овозможиле да биде претепан и да падне во безсознание.

За ова кривично дело е предвидена казна затовр од 5 до 15 години

Села не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Бил надвор од државата. Неговиот адвокат ќе каже дали е задоволен од пресудата откако ќе го прочита писменото образложение. Остануваат на барањето за оштета од половина милион евра. Ги потврди информациите од обвинителството дека се води истрага и за другите напаѓачи кои во досегашното обвинение беа НН лица.

На предлог на обвинителот Тошта и Војминовски остануваат во домашен притвор, другите петмина во Шутка.

Судењето траеше околу 5 месеци. Откако обвинителството пронајде нова видео снимка од нападот на Села, го ословди од обивнение Сашо Сенков а го преквалификуваше делото за Стојан Павлевски и Цејо Горгиевски кои откако признаа вина добија казни од 3 години и 14 месеци затвор.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ