Затворски чувар со симптоми на КОВИД 19 одел на работа по препорака на матичниот доктор

Затворски чувар од затворот во Шутка е позитвивен на Корона вирус потврдуваат од таму, но велат дека се почитувани сите протокли за заштита при работа и дека нема простор за паника. Сепак велат дека тој не ги почитувал препораките и додека имал симптоми покачена температура и болки во грлото доаѓал на работа без да каже. Бил и кај матичната лекарка но таа му препорачала да продолжи да оди на работа, а дека болките му се од крајниците. Директорот на затворот Есад Рахиќ кога дознал од колеги веднаш го вратил дома по што е тестиран и неговиот тест бил позитивен. Сега се прави епидемиолошка анкета а се чекаат и препораките на епидемиолозите за да се утврди кој се ќе треба да се тестира. Рахиќ смирува но ќе бара одговорност за ваквото однесување а го повика Министерството за здравство да го испита случајот и да утврди евентуална одговорност кај матичната лекарка. Во Истражниот затвор во Шутка претходно почина притвореник кај кој постмортем беше утврдено присуство на вирусот но никој друг не беше заразен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ