
Затворската полиција незадоволна ќе ги води затворите и по рефрендумот
Затворите преполовни со кадар, стражарите на протест пред владата. Не се многу на број, но затоа дојдоа со автомобили свиркајќи до премиерот да ги чуе. Причина за протестот се неостварени ветувања за законски измени, најниска плата од служби кои носат оружје, и неутврден начин на пензионирање. Со 14 илјади денари не се живее и порачаа на владата синдикалците од македонските затвори.
КПД Идризово, Штип, Битола, Струмица, Охрид и Куманово се затворите во кои еден затворски чувар работи на три позиции, без да направи пауза за ручек.
Автомобилската поворка од пред владата се одвози до нивниот работодавач. Од министерката Рената Десковска за правда побараа и добија одговор. Законот со сите подобрувања ќе оди во Собрание по завршувањето на референдумот, им порача Десковска.
Ако платите одат нагоре, а чуварите добијат опрема и нови врбаотувања, сепак, според синдикатот ќе остане во иднина да се потпише и колективен договор.
Чуварите, на крај се сложија. Влегоа во автомобилите и го прекинаа протестот кој го блокираше сообраќајот во центарот на Скопје. Ако во понеделник, ден по референдумот законот не биде објавен, повторно ќе ги напуштат затворите и ќе се врат на улиците.
Павле Беловски