Медицински екипи земаат брисеви од затвореници и вработени во затворот во Шутка

Прегледи брисеви епидемиолошки анкети, 30тина притвореници вчера биле проверувани од  медицнските екипи во истражниот затвор Скопје откако притвореник починат од срцев удар постмортем покажал позитивни резулатати на тестот за ковид 19.  Скринигот во затворот во Шутка продолжува денеска најавија од министерството за здраство

Министерство за здравство: Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението.

6 мина затворски полицајци кои биле на смена кога починал притворениот се испратени во домашна изолација за другите ќе се чекаат резулатит од тестирање и насоки од епидемиолозите

Во затворот во Шутка има келии со  по двајца до по 8 мина притвореници во една просторија. Според нашите информации починатиот притвореник бил во иста просторија со уште 3 ца цимери. Тие се меѓу првите кои се контролираат.

Информацијата за починат затвореник позитивен на ковид 19 предизвика револт меѓу станарите во Истражниот затвор Скопје.  Затворениците ноќеска барале заштитни мерки но и и дел од нив да бидат пуштени пред  време а најавувале штрајк со глад. Порталот  Тетово Сот објави  видео  за кое пишуваат дека е од затворот и дека во знак на незадоволство притворените фрлале чинии од прозорти.

Неофицијално од затворската управа велат дека станува збор за пластичен прибор кој го поседуваат во своите соби, потврдуваат дека имало тензија но во текот на вечерта атмосферата била смирена и не дошло до поголем инцидент. Директорот на затворот Есад Ракиќ вели се преземаат сите неопходни мерки, се прави дезинфекција и најави прес конференција за во понеделник.

Директорот на управата за извшување санкции Јовица Стојановиќ во разговор за Телма уверува дека денеска во Шутка ситуацијата е стабилна и чекаат какви насоки ќе им дадат епидмеиолозпите кои во целост ќе ги почитуваат. Стојановиќ не можеше да каже колкумина од затворот ќе одат во изолација затоа што стручните лица се уште не заврпиле со епидемиолошките анкети.

Независниот синдикат на затворската полиција во март побарал повеќе опрема и заштитни мерки и променет начина на работа. Веста за корона во нивната институција предизвикала вознемираност кај вработените во затворот нив и барале помош од матичниот синдикат. Сметаат дека освен маски и ракавиците потребни им се и заштитни мантили и визир, а бараат и од сите вработени да се земе брис за тестирање. Стојановиќ во разговор за Телма рече дека до него не пристигнале такви барања.

Состојбата во затворот причина денеска да не се одржи судењето за Рекет  со оглед на тоа што Бојан Јовановски е притвореник.Дали ќе ги одложат сите притворски предмети од Кривичен велат ќе одлучат откако ке ги добијат сите неопходни податоци од затворот за состојбата со корона вирусот

Елена Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ