
Затвореник со прежиеван инфаркт и вграден стент останува во Шутка
Преживеал срцев удар во притвор во Шутка, му вградиле стент и повторно е вратен во затворот затоа што судот не одобрува поблага мерка за тетовецот Басри Ибраими. Неговиот адвокат реагира дека судот се ставил во улога на доктор и сам го толкувал отпусното писмо од Клиниката за кардилогија, наместо да побара стручно мислење, дали Ибраими може да остане во притвор. Тумановски се повикува на последните случаеви со Јанкуловска и за Тошта за кои беше побарано мислење од доктори пред судот да донесе одлука.
Од Кривичниот суд одговараат дека Ибраими бил пуштен од болница со стабилна здравствена состојба и му е препорачан преглед за еден месец
„Дополнитлено надлежниот Јавен обвинител по барање на советот дал негативно мислење во однос на предлогот, а со оглед на сериозните кривични дела кои му се ставаат на товар на лицето и запретената затворска казна од најмалку 8 години затвор за секое од делата, како и личните прилики на обвинетиот, советот донел одлука со која го одбил предлогот за укинување на мерката притвор“, велат од кривичен.
Адвокатот, повикувајки се на датумите реагира дека обвинителството дало негативно мислење пред да ја пристигне медицинската документацијата.
Во однос аргументот на судот дека на обвинетиот за криумчарење мигранти му се заканува висока затворска казна, Тумановски вели тоа не е причина да се дозволи некој да почине во притвор поради неможност за медициска грижа.
Елена Ивановска Мукоска