Затвореник им избегал на чуварите од Идризово при враќање од Клинички центар

Околу 11 часот, затвореникот Фидан Исени им избегал на двајцата чувари кои од Клинички центар го носеле назад во затворот Идризово, потврдија за Телма од затворот.
Двајцата затворски чувари застанале на паркинг близу безнинска пумпа во Автокоманда каде Исени им избегал од комбето. Се подготвува суспензија на чуварите, рече за Телма директорот на Идризово Боби Mојсоски.

Претпоставките се дека чуварите биле невнимателни и застанале на паркингот на бензинската пумпа каде во близина има неколку сендвичари.

Од затворот Идризово велат дека е отворена постапка и се утврдува како дошло до бегството. Не прецизираа дали во бегството на Исени му помагале и други лица кои го следеле затвореничкиот транспорт. Исени бил на лекарски преглед во скопските клиники од каде чуварите го враќале назад.

Исени издржувал казна затвор од 7 години и 7 месеци за повеќе дела. Казната му истекува во декември 2025-та, а во Идризово е последните 16 месеци. Бил осуден за криумчарање мигранти, насилство, предизвикување општа опасност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ