
Затворени 48 угостителски објекти поради прекршување на мерките за ковид-19
За четири дена инспекторите ставиле клуч на угостителски објекти, кои работеле и покрај владинита одлука сите ресторани и кафулиња да се затворат . 215 бензиските , киосците и трафиките веќе нема да продаваат кафе од кафемат. Направени се вкупно 3908 инспекциски надзори. Прекршување на мерките најмногу има во руралните средини, изјави претседателката на инспекцискиот совет , Грашкоска.
Направени се и 423 контроли за замрзнатите цени на одредени производи. Инспекторите кои биле во маркетите и по пазарите не забележале покачување на цените на овошјето, зеленчукот и др намирници. Цените се исти со оние од 11 март , кога беше прогласена пандемија на корона вирусот , велат од инспекцискиот совет.
Агенцијата за храна и ветеринарство напишало 2 казни, а направиле 208 надзори по маркети, месари, зелени пазари .
Едната казна е за продавање на производи без декларација, а другата глоба е дадена по наредба од инспектор.
Во 15 месари и маркети се опоменати работодавачите и вработените за непочитување за меките за одржување на хигена согласно пандемијата.
Во Инспекторатот за труд пристигнале неколку претставки од работници на кои работодавачите им давале да потпишуваат отказни решенија и да потпишуваат нови договори со скратено работно време, кажа директорот на овој Инспекторат Аљадин Хавзиу.
Трудовиот инспекторат во овие неколку дена спровел 291 контрола. Издадено е едно решение и 13 опомени на работодавачите кои главно не ги почитувале мерките кои се однесуваат на платено отсуство за дете до 10 години, за самохран родител, бремени ѓени и хронични болни.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во болниците , поликлиникте и амбулантите направил 66 вонредни инспекциски надзори во болниците , поликлиниките и амбулантите. Инспекцискиот совет и денеска апелираше граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките за превенција на ширењето на КОВИД-19.
Теодора Цветковска