
Затворен домот „11 октомври“, децата сместени во мали групни домови и згрижувачки семејства
Продолжува процесот на деинстуциунално сместување на деца до 18 години од големите социјални установи во мали групни домови или во згрижувачки семејства. По домот “25 мај” од каде сите деца беа сместени во мали групни домови и домот „11 октомври” по 47 години функционирање се затвора. Ова е влезот на новиот групен дом во кој се сместени 5 деца кои од сега ќе можат да ја почувствуваат семејната атмосфера. Министерката Царовска потенцираше дека домот “11 Октомври” ќе биде пренаменет во центар за помош на семејства во ризик. Само за една година се извлечени 60 проценти од децата сместени во големите институции и се сместени во мали групни домови или во згрижувачки семејства.
мгс: Мила Царовска, министер за труд и социјална политика
Претставникот на Уницеф во Македонија, Бенџамин Перкс вели дека неопходен е овој процес на деинстуционално сместување на овие деца со цел тие да можат да имаат нормален развој и да се почитуваат нивните права.
Директорката на домот 11 октомври Соња Стамевска вели дека приоритет во сместувањето на децата во мали групни домови се дава на деца кои се во роднинска врска, а за нив 24 часа ќе се грижат 6 воспитувачи и негуватели.
Од Министерството за труд и социјала велат дека заложбите се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане сместено во институциите.
Јордан Дуков