Државниот секретар на САД, Филип Рикер во понеделник во Скопје

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, а сега помошникот државен секретар задолжен за Југоисточна Европа во Стејт Департментот, доаѓа во понеделник во Скопје-пишува Независен .  Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Вес Мичел во почетокот на годинава.

Рикер ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, според информациите, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со други членови на владата. Рикер меѓу другото, ќе биде вклучен во развојот на односите меѓу Србија и Косово. Во периодот 2008-2011 беше американски амбасадор во земјава, а од 2011 година до 2013 година беше заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Беше вклучен во преговорите меѓу Атина и Скопје околу името. Во земјава наскоро доаѓа и нова амбасадорка на САД, Кејт Бурнс, по завршвањето на мандатот на Џес Бејли.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ