Застрелан во кафеана седејќи со убиецот на маса

46 годишниот Атик Абдија од Тетово веднаш им подлегнал на повредите, откако, синоќа бил погоден со еден куршум директно во главата. Во него пукал тетовец на иста возраст со иницијали Л. Д. Двајцата со уште три лица седеле во угостителски објект во Тетово и конзумирале алкохол. Во еден момент по вербална расправија, осомничениот извадил пиштол го репетирал и смртно го застрелал лицето. По стореното кривично дело, сите лица кое седеле заедно се дале во бегство. Нешто подоцна двајца биле лишени од слобода од страна на полицијата а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица Тетово.  Надлежен јавен обвинител заедно полициска екипа до раните утрински часови вршеа увид на лице место Издадена е наредба за прибирање на траги и нивно вештачење, а врз телото на починатото лице ќе се врши на обдукција.  Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ