Засилена контролата во целото полошко подрачје за сузбување на трговијата со дрога

Фотографија која се појави на социјалните мрежи како две лица инјектираат дрога среде бел ден во училишен двор на едно гостиварско училиште, ја вознемири јавноста.

Освен што е зголемена употребата на дрога во полошко, зависниците веќе и на бираат место каде ги примааат психотропните супстанции.

Игли и шприцеви можат да се забележат по напуштени или недоградени објекти, по парковите и други јавни места. Ваквата состојба ја алармираше полицијата која изминатиов период ги засили контролите на целото полошко подрачје за откривање и санкционирање на лицата кои поседуваат, пуштаат во промет, или уживаат наркотични средства.

„За изминативе две недели приведени се 70 лица на тетовско-гостиварското подрачје поради сомнeвање за инволвираност во продажба или користење, претежно марихуана, но и хероин и кокаин, приведените лица се на возраст од 15 до 46 години. И двете лица кои инјектираа дрога среде бел ден во гостиварско училиште се идентификувани и против ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од СВР Тетово.

Од Центарот за Социјални работи Тетово, велат дека ги загрижува и фактот што постојано се намалува возрасната граница на приматели на наркотични средства. Нивните служби и полицијата се почесто регистрираат малолетни корисници на дрога.

Во Минатото велат, средношколците експериментираа со дрогата, сега веќе основците навлегуваат во овие брановите води од 12 и 13 годишна возраст.

Советуваат родителите да обрнат поголемо внимание на децата

Цветкоска го гледа проблемот и во училиштата, каде нема вработено доволно број на психолози и педагози, кои би требало да ја следат состојбата и однесувањето на децата.

Од полицијата и за периодов што следи најавија засилени контроли на локации и објекти, за кои има сознанија дека претставуваат чести собиралишта на наркокорисници.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ