Заштитен сведок во „Монструм“ одново препозна 3-ца од 4-цата обвинети

Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. Без двоумење преку камерата во судницата заштитетниот сведок ги препозна 3-цата од четворица обвиенти присутни во салата дека на 12 април со возило тип Голф -3-ка биле на земјениот пат на Смилковското езеро. Од предочените слики пред 6 години идентификувал уште еден обвинет, но го нема во салата. Се присети на облеката, како се потстрижени, а на прашања на обвинителката Фатиме Фетаи потврди дека на Сами Љута му дал запалка од својот автомобил. Јавноста за прв пат во судница присуствуваше на распит на загрозен сведок.

Со изменет глас заматен лик од друга просторија преку видео надзор сведокот 4 часа раскажуваше дека на 9,10,`11 и 12 април истата четворка сега обвинети доѓала на езерото, најчесто попладне.  Ги гледал и до далеку, и од блиску, возилото било црно со спортски елементи. 4-то обвинетиот Фејзи Азири бил во кожено палто, Сами Љута во тексас јакна, а во нивно друштво било и лице со црвеникава брада. Не се одалечувале од автомобилот.

За убиствата прочитал на интерент и по најмногу 10 дена сам се пријавил во полициска станица, бидејќи чуствувал морална одгворност да каже што знае. Специјалната обвинителка Фетаи заврши, а местото му го отстапи на адвокатот Насер Рауфи којшто се обидуваше преку прашања да докаже дека сведокот дава различни одговори од пред 6 години и сега.

По, летната пауза за предметот СЈО дојде со 4-ца обвинители кои со приговро на прашањата на одбраната постојано се обидуваа да го заштитат идентитет на сведокот кој и самиот кажа дека постоел ризик за него и неговото семејство. Фетаи побара од судечкиот совет да и ги обезбеди и двајцата обвинети избегани во соседно Косово.

Судечкиот совет одговори дека ги предало сите потребни документи од предметот на Министерството за надворешни работи, а во Косово е веќе стасано барање за екстрадиција. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ пред приштинскиот суд признаа вина дека псоедувале оружје и одлежаа затворска казна, а сега според кажувањата на остантите обвинети тие слободно комуницраат со нив преку интернет. По преземањето на случајот Монструм и СЈО продолжи во повторениот процес заедно со уште 4 лица да ги гони дека на 12 април ги убиле четирите момчиња и рибарот на Смилковското езеро.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ