
Засега нема продолжување на вонредната состојба, дефинитивна одлука понатаму
Засега нема продолжување на вонредната состојба, одлучил Советот за безбедност кој денеска се состана во проширен состав кај претседателот Стево Пендаровски. До завршувањето на 14 април, ќе се одржи уште еден состанок, по што ќе се разгледаат сите параметри и ќе се донесе дефинитивна одлука. Нема да има замена ниту на вонредната со кризна состојба.
Пендаровски ги поддржува мерките на владата за намалување на платата на функционерите. Подготвен е и сосема да се откаже од платата, доколку владата го побара тоа. Советот за безбедност донел консензуален заклучок, да им се оддаде признание на сите кои работат на справување со кризата. Од излагањата на присутните министри и претставници од Генералштабопт и агенциите за разузнавање, е заклучено дека, мерките генерално се почитуваат. Ситуацијата останува сложена и не се знае колку време ќе трае пандемијата.
Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спроведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.
Пандаровски не сакаше да анализира колкави се капацитетите на државата да се справи со пандемијата. Ги повеќе граѓаните да бидат рационални и да ги почитуваат мерките затоа што тешките денови не се зад нас.
Далиборка Демјанска Цветановска