
Заразени со коронавирисуот има во преку 50 држави во светот
Повеќе од 50 држави во светот пријавија случаи на заразени граѓани со новиот коронавирус, познат како Ковид 19.
На глобално ниво вкупно заразени се 83.650 лица, од кои најголем дел се во Кина каде до сега има 78.961 лице со потврдена инфекција и 2.791 смртен случај.
Иран денеска објави дека бројот на починати од вирусот во земјата се искачи на 43 а инфицирани се вкупно 593.
Вчера Јужна Кореја, земјата која има најмногу случаи на инфицирани после Кина, пријави нагло зголемување на бројот на новозаразени. 3.150 лица се заразиле со вирусот во Јужна Кореја, каде до сега починаа 17 лица а властите се сомневаат дека инфекцијата се проширила низ државата преку религиозна група во градот Даегу.