
Заразена медицинска сестра на штипска неонатологија, во изолација цела смена
Заразена медицинска сестра од корона вирус на штипскиот одделот на неонатолгија, гинеколгија и акушерство во самоизалација смести цела една смена, или вкупно шестмина здравствени работници. Сестрата по дежурството во неделата, наредниот ден се пожалила на здравствени проблеми и симптоми на вирусот. Додека таа била на работа на одделот имало вкупно седум родилки од источниот регион, со што во самоизолација одат и тие, но и нивните новороденчиња.
По разговорот се медицинската сестра епидемиолизите и инфектолозите не можат да утврдат како се заразила. Од почетокот на пандемијата, па досега вкупно десет здравствени работници во штипската Клиничка болница се инфицирани од овој вирус, а активни се пет случаи. Ѓеорѓијев вели дека ова дополнително да отежнува работата, бидејќи од стартот на пандемијата 10 % од здравствените работници ги искористиле Владините мерки и не доаѓаат на работа. Дежурствата
Вчера немаше ниту еден случај, поради малиот број на пристигнати резултати, а денеска од шесте нови во Штип неколку се поврзани со осмата конфекција во којашто вирусот се ширел поради неносење на заштитна опрема и групирање на вработените.
Викторија Јованова