Заради нестручно и несовесно работење разрешен врховниот судија Ристо Катавеновски

Предметот Тенк за експремиерот Груевски и Поповски чиј известител е врховниот судија Ристо Катавеновски сега ќе треба да го преземе друг судија, откако денеска судскиот совет одлучил да го разреши за нестручно и несовесно работење поради укинувањето на притворот на бизнисменот Сеад Кочан, велат извори за Телма од ова судско тело.

Во петокот во Врховен беше рефериран само предметот за Јанкуловска на која и се судеше во и издвоена постапка и одлука не беше донесена.

Предметот за експремиерот не дојде на дневен ред. Од судски не откриваат имињата на судиите за кои одлучувале поради тајноста на постапката.

Додека во судски се одлучуваше за Катавеновски во Врховен жалбените совети требаше да одлучуваат за жалбите на другите двајца претходно разрешени врховни судии за притворот на Кочан, Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска, кои претходно барале лично да се обратат пред колегите.

Извори од највисокиот суд потврдија дека не се појавиле но и дека немало ниту доказ дека поканите ги примиле.

Следната седница е закажана за 17 февруари со што се пробива и законскиот рок од 30 дена во кој треба да се однесе одлука дали ќе бидат потврдени разрешувањата или процедурата се врака назад во судскиот совет.

Здравев вели дека се уште не добиле одговор од Обвинителството и Антикорупциска кои претходно Судскиот совет ги извести дека во кабинетот на Вангеловски биле пројадени стари одлучени предмети предавањето на функцијата со неговиот наследник Фаик Арслани.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ