Започнаа уписите на нови средношколците во средните училишта

Идниоте средношколци предпладнево веќе се запишаа во училиште.

Празни ходници во попладневните часови, на првиот уписен ден за новите средношколци во средните училишта. Во скопската гимназија, Јосип Броз Тито, на прсти се броеја родителите кои со своите деца наместо во утринските часови, одлучиле попладне да ги донесат документите за упис.

„Мислам дека е респектабилна гимназијава, држи ниво на квалитет, а и од Кисела Вода сме па блиску ни е“.

Министерството за образование за два дена ќе објави колку средношколци се запишале во првиот уписен рок.

Во средните училишта, слободни се околу 36 илјади места за повеќе од 20.700 полуматуранти.

И годинава, повеќе места има во стручните училишта. Слободни се 24 илјади места. Во гимназија ќе може да се запишат 10.900 ученици. Сепак, очекувањата се дека уште првиот ден ќе бидат зафатени слободните места во главните скопски гимназии и средното медицинско. Тоа претставува проблем, со оглед на дефицитот од стручен кадар. За нив, секоја година интересот е се помал и помал.

„По наставен јазик, 24.915 места се за ученици кои ќе следат настава на македонски наставен јазик, 10.020 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик“, соопштија од Министерство за образование и наука.

На крајот на летото, на 23 август ќе има уште еден уписен рок, за учениците кои од оправдани причини не успеале да се запишат во јуни. Резултатите за нив ќе бидат познати на 24 август.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ