
Започна училишната година – дел од ученици без учебници
Започна училишната година, но голем број ученици сеште ги немаат своите учебници со што непречено би се одвивала наставата реагираат нивните родители. За министерот Адеми ваквиот проблем има повеќе причини, но смирува дека тие наброзо ќе бидат решени.
Денес сабајле од моите колеги добив информација дека учебниците се дистрибуираат во сите училишта особено за најмалите од прво до трето одделение и речиси секаде се дистрибуирани така што продолжува и овие денови дистрибуцијата на учебници. Но тука треба да направиме една мала дистинкција учебници за кои ексклузивното право го имаат издавачките куќи. И за тоа воопшто немаме проблем како и секоја година и учебници за кое Министерство за образование го има ексклузивното право за нив или веќе се пренесени авторските права кај нас, вели Арбер Адеми, министер за образование и наука.
Проблемите кои се појавија со тендерот за учебниците во 2014 и 2015 та година ќе биде надминати , додава Адеми.
Тој тендер паѓаше на евалуација и очекувам дека електронска аукција ќе имаме за брзо време. Ќе се определи оператор и ќе се дистрибуираат по долги години наназад пак учебниците кои се во употреба и за кои имаат потреба нашите деца, ученици, вели Арбер Адеми, министер за образование и наука.
Реагираат и студентите кои со почетокот на септемвриската сесија сеуште не е решено и нивното сместување во студентските домови со што се зголемуваат и нивнито трошоци.
Со сите тие институции и денес сме комуницирале. Ако има потреба и сабота и недела ќе работиме. Само час поскоро таа листа да биде објавена и сите студенти да бидат информирани и пред почетокот на академската година таа листа ќе ја имаме, рече Арбер Адеми, Министер за образование и наука .
Министерт Адеми потенцира дека во следниот период продолжуваат и секојдневните преговори меѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура за изнаоѓање решение за подобрување на материјалниот статус на наставниот кадар во основните и средните училишта.
Нина Стефанова