Започна скринингот за Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа

Во општините Дебар и Центар Жупа каде беа регистрирани првите болни од Кореонавирус , денеска стартуваше скринингот односно тестирањето на 3о насто од населението во согласност со одлуката на Министерството за здраство.

Раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар , епидемиологот Ментор Мела  информираше дека за оваа цел во Дебар се пристигнати 2342 тестови, кои ке ги реализираат 17 матични лекари, матилни педијатри и матичлни гинеколози во општините Дебар и Центар Жупа.  Мела нагласи дека тестирањето ке се врши на четири категории на возрасти и тоа од  нула години до 4 години, од 5 до 14 години, од 25 до 64 години како и категорија на лица над 65 години .

Мела нагласи дека на средбата со матилните лекари е договорено тестирањето да се спроведе што побрзо .

Мела запрашан за состојбата со болните изјави дека од вкупно 51 болен од кои 4 се починати, над 9о насто од болните се излекувани. Според него утре специјална екипа на лекари специјалисти предводени од епидемиологот Мела , ке извршат посета на веке оздравените болни од Коронавирус.

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ