
Започна меморијалниот марш во спомен на загинатите во сообраќајната несреќа кај Ласкарци
Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.
Пред почетокот на маршот беа пуштени лантерни (книжни балони со свеќи) со што им се оддаде почит на загинатите.
Иницијативата за граѓанскиот марш ја покренаа група планинари и е поддржана од општина Гостивар.
Според предвиденото, маршрутата е долга 55 километри. Маршот е предвидено да заврши на градскиот плоштад во Гостивар во поладневните часови.