Започна контрола на плажите на Охридско-струшката ривиера

Државниот градежен инспекторат започна контрола на плажите на Охридско-струшката ривиера. Целта е да се констатира дали има или не неправилности, од што ќе зависат идните мерки, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Сугарески очекува деновиве државата да го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанскиото и Дојранското Езеро. Додека општина Струга отворено негодува, Охрид ќе ја почитува одлуката.

На најголем дел од плажите кои се издадени под концесија на охридско-струшката ривиера концесиите им се истечени. Ниту една плажа не е вратена во првобитна состојба како што предвидуваат договорите, а дел од нив непречено работат како угостителски објекти.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ