
Започна јавната пропаганда за изборите, без презицирање кој се може да ја води
„Влегуваме во ЕУ и во НАТО како Македонци“, „Промена на името е промена на идентитетот“, се само дел паролите на про и контра пропагандата за референдумот за името која започна да се води пред повеќе од еден месец, а која официјално стартуваше на 30 јули. Пропагандата засега главно се води на социјалните мрежи, но зад ниедна од нив не стои Собранието кои е овластен предлагач на референдумот. Според поранешниот прв човек на ДИК, Александар Новаковски, во правилникот кој го донесе ДИК за референдумот не е дефинирано што е тоа јавна пропаганда, кој може да ја води и како да ја води.
„Ова што се случува во моментот не е во ред, затоа што нема право секој да води јавна пропаганда. Треба точно да се знае кој како и под какви улсови“, вели поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски.
Според Новаковски проблемот е во неусогласеноста на Изборниот зкаконик со Законот за референдум, па ваквите прашање се решаваат со правилници од ДИК, како што е и за претстојниот референдум, во кој не се кажува кој и како смее да води јавна пропаганда. Новаковски посочува дека во правилникот на ДИК се наведува дека овластениот предлагач може да води пропаганда, но не и врз основа на кои буџетски средства ќе ја води таа кампања, дали има одредено буџетски средства за тоа. За него спорно е и тоа што се наведува дека пропаганда можат да водат и останати субјекти, но без појаснување кои се тоа тие „останати“.
„Останатите. Што значи тоа, дека и јас можам лично да водам пропаганда и да правам што сакам за ваков битен референдум кој е многу битен. Мислам не. Мора да се знае точно кој може и како да ја води јавната пропаганда и како да се води. Со ова што сега го имамем пред нас, тоа не е регулирано и се надевам дека ќе биде регулирано. Ако се остави вака тогаш ќе може секој да води. Нормално контрола ќе си води државата можеби на трошење на средствата, но прашањето е кои се тие извори на средства, какви извори на средства, а од каде ќе доаѓаат тие средства. И мислам дека час поскоро мора ова да се направи“, вели Новаковски.
Мора точно да се прецизира улогата на Собранието како овластен предлагач во водењето на јавната пропаганда, вели тој, додавајќи дека вака како што е напишано нејасно е кој се може да ја води кампањата.
За него дискутабилно е и тоа зошто е оставен толкав просто за јавната пропаганда од речиси два месеци. Според правилникот на ДИК, јавната пропаганда за референдумот е стартувана на 30 јули.
„Предолг рок, премногу ќе се исполитизира работата, премногу ќе се створат тензии. Не случајно ние од 30 дена кампањата за изборите ја намаливме на 20 дена. Сега доаѓаме до нешто друго, но очекувам тоа да се регулира тоа. Но веќе е касно. Ако веќе се води јавна пропаганда тогаш само ќе треба да се контролира, кој, како и може и да дали тој треба да е регистриран, е ставот на Новаковски.
Ако овие прашања не се допрецизираат во правилникот на ДИК, смета Новаковски, секој ќе може да прави што сака во медиумите, но и да организира собири и трибини за референдумот за името.
Тамара Грнчароска