
Започна седницата на Комисијата за европски прашања каде се разгледуваат предложените измени на Изборниот законик
Со низа процедурални забелешки започна седницата на Комисијата за европски прашања на која се води амандманската расправа за измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ која поднесе 401 амандман смета дека не може измените на Изборниот законик да се дискутираат на Комисијата за европски прашања и да се користи европското знаменце, бидејќи ЕУ не се меша во изборните законици и остава секоја држава самостојно да го креира. Според нив наместо Комисијата за ев ропски прашања, измените треба да се разгледуваат на Комисијата за политички систем, за која велат дека е матично тело.
Комисиската расправа треба да заврши за два дена, бидејќи измените на Изборниот законик се носат со европско знаменце. Расправата беше отворена вчера, но веднаш беше одложена. Ако расправата трае до полноќ тогаш ќе се гласа бидејќи денеска е вториот ден откако е отворена.
На денешната седница ќе се разгледуваат сите 401 амандмани, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни и ќе треба да ги образлагаат.