Запалено БМВ во центарот на Скопје

Ноќеска е подметнат пожар во автомобил БМВ7 во центарот на Скопје.

Возилото е целосно изгорено. Било запалено на паркингот кај трговскиот центар Зебра.

Полицијата во моментот врши увид за да утврди на кој начин е предизвикан пожарот. Нема информации за можни осомничени.

Автомобилот е регистриран на приватна фирма, а возилото го користел бизнисмен кој се занимава со градежништво.

Пожарот во МВР е пријавен во 2 часот по полноќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ