
Западниот Балкан е подготвен да ги исполни барањата за да стане дел од ЕУ
Знаеме што не чека и подготвени сме на тоа е пораката која шесте земји од Западниот Баллкан ја испратија денеска до Европската унија од министерскиот состанок на Берлинскиот процес со кој ко-претседаваа Македонија и Бугарија. Во заедничка декларација освен спроведување на клучните европски вредности се обврза и на меѓусебно поголемо поврзување и соработка.
За министерот за надворешни работи на Македонија важно е што состанокот се одржува на две недели пред Европскиот освет.
„Финализирање на она што Комисијата го почна со новата методологија и со ажурираните извештаи“, рече Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија.
Но токму предложенета методологијата од ЕК може да биде нов камен на сопнување на Унијата, со оглед дека Бугарија дала свои предлози на документот и го прави неизвесно донесувањето на методологијата до Европскиот совет.
„Разработувањето и одобрувањето на новата методологија не треба да биде причина за одложување на почетокот на прегворите. Така што, кога е Советот на 26 и 27 март, дури и да не биде одобрена новата методологија не мислам дека тоа треба да биде некаква пречка за започнување на преговорите“, изјава Екатерина Захариева, минисетр за надворешни работи на Бугарија.
Предлозите кои ги дала Бугарија да се дополни методологијата за преговори се однесуваат на индивидуалните заслуги, консензусот за носење одлуки во преодниот процес, но и добрососедските односи.
Захариева притоа е децидна дека проблемите од Западниот Балкан нема да влезат во ЕУ и оти принципот на добрососедство треба да биде многу јасно кажан во новата методологија.
Димитров за добрососеските односи во контескт на Договорот за добрососедство о истоприските прашања кои ги решава заедничка комисија меѓу Македонија и Бугарија рече дека ќе треба голема мудрост ова прашање да се менаџира за да биде прифатено од јавноста од двете земји.
Инаку во заклучоците на министерскиот состанок освен обврзџување на продолжување на реформите од земјите во регионот особено во делот на владеење на правото, демократски институции, фундаментални права, поврзување, поголема економска соработка и одржливост земјите од Процесот го поддршаа и планот Берлинскиот процес да воспостави поголема соработка со сите партнер, вклучително и европските институции.
Тамара Грнчароска