Западен Балкан ќе биде подобро место за живеење, порачаа лидерите од регионот од Охрид

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама на трилатералната средба во Охрид ги утврдија приоритетите и мерките na декларацијата за слободен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, што ја потпишаа во октомври во Нови Сад. Според акцискиот план, граѓаните од трите држаvви ќе можат од следната година да патуваат само со лични карти, граничните премини ќе работат 24 часа и ќе има заеднички гранични и фитосанитарни контроли, брзи ленти за товарните возила, со што ќе се избегнат долгите чекања, потоа признавање на дипломите, за жителите од трите држави полесно да наоѓаат работа, а инвеститирте полесно да дојдат до квалификувани кадри.
Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека лидерите од 6те држави во Западен Балкан за оваа иницијатива разговарале во повеќе наврати низ европските метрополи и одговори на обвинувањата дека седнува на иста маса со лидери на држави кои не го признаваат Косово, но и дека Албанија ја приклучува во создавањето на нова Југославија.
Македонија, Србија и Албанија засега остануваат сами во оваа декларација. На состанокот во Охрид учествваа и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои посочија дека доплнително ќе одлучуваат за иницијативата, откако во нивните држави ќе се направат серизони анализи
Тројцата лидери потписници на декларацијата посочија дека ниту е ова нова Југославија, ниту пак е замена за евроинтегративните процеси. Премерот Заев рече дека целта е да се подобри економската соработка меѓу државите, а Балканот да се направи подбро место за живеење.
Во рамките на дводневите активности на самитот во Охрид имаше и пленарна сесија со претставници на ЕУ, Светска банка, Европската банка за обнова и развој. Следната средба на тројцата лидери е закажана за 21 декември во Драч, Албанија.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ