
(видео)Заменик министерот за здравство Асим Муса си поднесе оставка
По објавената снимка на Топ Ченел за примање мито, заменик министерот за здравство Асим Муса си поднесе оставка.
- Ова е стапица со која медиумите правата обид да и нашетата на мојата професионална фигура, рече Муса.
Тој истакна дека нема да дозволам кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите.
- Во постојаните барања на пациентот за кого станува збор јас го информирам дека интервенцијата за странски пацинети кои не се осигурани во нашата држава е приватна и го информирам кој е можниот износ за интервенцијата, на негово прашање колку би чинело по пакети. Токму овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во која било форма, нагласи Муса.
Асим Миса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.
„Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар, а наводно пациентот е новинар.
Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.
„Пациентот“ и заменик министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа, а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.