Залуден обид на членови на семејството на „Ел Чека“ да протестираат пред седиштето на ДУИ

Со знамиња на Голема Албанија 50 –тина лица попладнево од пред Тетовскиот Универзитет тргнаа кон седиштетот на ДУИ во Мала Речица да го искажат својот револт, од како што беше посочено во најавата на самиот протест криминалот на партијата кој уште повеќе се расветлува со таканаречените бомби на Ел Чека.

На улицата кој води кон ДУИ наидоа на блокада од полицијата. Таа не дозволи да пристигнат до партиското седиште.

Како главен организатор на протестот беше најавен братот на Ел Чека кој се обрати на Албански јазик.

На Македонски не сакаше да ни даде изјава за нивните барања посочувајќи дека треба да знаеме Албански и ние и премиерот Зоран Заев.

Дел од организаторите агресивно ја тргнаа опрема од медиумите на Македонски јазик, и  не ни дозволија да продолжиме со снимање.

Учесниците на протестот околу половина час стоеа пред блокадата на полицијата барајќи да ги пушти кон партиските седиште на ДУИ. Околу 13 часот сите протестанти мирно се разотидоа.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ