Законски ќе се стегнат туристичките агенции да ги обесштетуваат измамените граѓани

Државата го стега обрачот околу туристичките агенции и туроператорите, со цел да ги заштити домашните туристи кога патуваат во странство, но и странските што доаѓаат во земјава. Со измените на законите за туристичка и угостителска дејност кои уште се во драфт верзија и за една недела треба да се најдат на ЕНЕР, ќе се предвидат осигурителни полиси за туристички аранжмани, за брзо обесштетување на граѓаните доколку не ја добијат услугата, банкарска гаранција за туристичките агенции во висина од едногодишните приходи, туристичка инспекција за аранжманите преку интернет, како и заострени критериуми за категоризација на објектите, како што се хотелите, рестораните, па дури се размислува и за оние што организираат свадби или нудат кетеринг услуги.

Со законот ќе се направи разлика меѓу лиценцирањето на  туристичките агенции и туроператорите, а се планира да се направи и посебно одделение во Државниот пазарен инспекторат, каде ќе се обучат и нови инспектори кои ќе бидат  подготвени да прават контроли само во туристичките агенции и хотелите, а тие ќе ги проверуваат и веб сајтовите за аранжамани. Со сегашниот закон инспекторите не можат да влезат во приватни станови и згради, што се издаваат преку сајтови како „Букинг“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ