
Законот за заштита од дискриминација за едни е неопходен, за други напад на семејните вредности
Жестока дебата во Собранието околу законот за заштита од дискриминација исполнета со реплики и контрареплики меѓу пратеникот Влатко Ѓорчев од една страна и министерката Мила Царовска и пратениците од СДСМ од друга.
За предлагачот на законот, министерството за труд и социјална политика, овој закон е неопходен и со него се прошируваат основите за дискриминација, подобро се дефинира поимот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се прецизира начинот на избор на членови.
Пратеникот Ѓорчев во своите обраќања најмноу се задржа на бракот и семејството и семејните вредности кои според него со овој закон се ставаат под знак прашање. Тој постави неколку директни прашања до министрката и до пратениците кои го поддржуваат законот за заштита од дискриминација.
Тој ја обвини Царовска дека избегнува дебата за зконот и дека ниту еднаш бне присуствувала на седница на собраниската комисија и праша дали по усвојувањето на законот ќе семенува и содржината на учебниците.
Пратеникот Павле Богоевски потенцираше дека досегашната законска рамка не обезбедувала доволна заштита што се пресликало во општеството и медиумите бидејќи биле регистрирани стотина дела од омраза за кои немало судски епилог.
Богоевски од Собраниската говорница го обвини Ѓорчев и неговата партија дека со тврдиот став по ова прашање создале огромни проблеми на неколку категории граѓани.
За пратеничката Благица Ласковска проблематична е уредбата со која се прекинува мандатот на досегашната комисија, нешто што е укажано како потенцијален проблем во извештајот на Венецијанаската комисија.
Законот за заштита од дискриминација е дел од реформскиот пакет кој Брисел го бара од Македонија.
Огнен Чанчаревиќ