
Законот за укажувачи никој не го користи
Законот за укажувачи, кој е донесен пред три години, никој не го користи.. Со него не се запознаени ниту институциите, со цел да ги заштитат лицата кои укажуваат, односно пријавуваат корупција. ЕУ предлага законот да се измени, и лицата кои пријавуваат злоупотреби да бидат анонимни, со цел потоа да не им се закануваат со бркање од работните места. Единствена институција која го спроведува законот за укажувачи е антикорупциска.