
Законот за субвенции на плата што ќе важи од 1 ноември никако да се донесе
Предизборен поткуп. Вака опозицијата го оцени законот со кој државата ќе ги субвенционира работодавачите кои ќе исплатуваат плата во повисок износ од минималната плата. Не кажаа како ќе гласаат, но укажаа дека се доцни со донесувањето.
Од министерството велат дека вината за доцнењето не е кај нив.
Мнозинството, пак, обвини дека опозицијата е таа што намерно го одолговлекува законот, откако и денеска, на нивно барање беше прекината седницата на Комисијата за финансирање и буџет.
Минималниот праг за субвенционирање е за зголемување на платата од 600 денари, а максималниот за 6 илјади денари. Законот ќе важи до октомври 2020-та година.
Далиборка Демјанска Цветановска