Законот за одбрана клучен за ратификацијата на поротоколот за НАТО

Македонската делегација во декември слета на американскиот носач на авиони Хари Труман. Големи зборови за големо сојузништво. Дури и ресорната министерка Шекеринска се пофали дека државното знаме во знак на сојузништвото е аплицирано на опашката на воените ловци. Грешката брзо беше откриено, не било сонцето од македонското туку знамето на американсата сојузна држава Аризона. Но, успехот беше потврден и со премиерска изјава.

Но ова знаме не беше грешка, меѓу американското и британското, Република Северна Македонија стигна до она што Република Македонија односно Фиром не успеа повеќе од деценија и пол. Да добие место на столот и позиција како 30-та земја членка, која е на милиметар од официјалното зачленување. Тоа се случи на Лондонскиот самит. Реална и активна членка во Алијансата, државата ќе стане откако и Шпанија ќе ја потврди ратификацијата. Тоа треба да се случи веќе во јануари е нашиот план, а потоа членството во НАТО ќе смени.

На крај и македонското Собрание ќе треба да го ратификува и одобри членството. Сега македонските избори во април може да ја одложат таа постапка, иако парламентарците во Скопје планираат да извршат и предвремена ратификација пред да стигне последното писмо од Брисел. Предвременото одобрување пред избори не е пожелно, смета Марковски. Од друга страна парламентот треба да изгласа со две третини пратеници најмалку и нов закон за одбрана  баш поради НАТО. Опозицијата застана против тоа, забелешката е дека не смее законски да се смени името на армијата, па и таму да се вметне Северна. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека такво нешто не е предвидено и не е напишано во Преспанскиот договор.

И додека препукувањата траат, одбраната и армијата ги чека поголем буџет, многу набавки сето тоа крстено како модернизација. Прво се склучи договор со американската влада за набавка на 33 борбени оклопни транспортери за лесна механизирана пешадиска бригада- единицата која армијата што уште ја носи кратенката АРМ треба да ја декларира за воените мисии на НАТО.

Покрај опремата потребни се и други малку поприземни работи од лондонскиот самит или НАТО реалноста. Во државата уште е тешко да се најде квалитетен и сериозен произведувач на униформи или обувки за војнциите. Или се греши кројот, или текстилот или големината на  чизмите. Проблемите со години нерешени останаа за досредување и во 2020-тата, година на влез во НАТО. Затоа што војниците се тие што го изодеа најтешкиот пат дотаму.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ