
Со Законот за ЈО се бараат 80 пратеници и за Законот за одбрана
Со обезбедување на 80 пратеници за носење на Законот за Јавно обивнителство, ќе се обезбеди и двотретинско мнозинство за да се донесе и Законот за одбрана. Министерката за одбарана Радмила Шекеринска е убедена дека Законот со кој Македонија ќе го инкорпорира членот пет од Вашингтонскиот договор на НАТО за колективна одбрана на Алијансата, ќе биде донесен од овој пратенички состав.
„Дадовме и ќе дадеме се од себе и двотретинско мнозинство за Законот ќе има. Не можеме на крајот на процесот да се претставиме како несериозна земја. Ова влијае на имиџот на Република Северна Македонија. Ова влијае на отвореноста со која земјите членки ќе не прифатата и ова влијае на слендите години, па и на нашето членство во НАТО. И од тој аспект навистина немаме право на грешка“, рече Радмила Шекеринска, министер за одбрана.
Според Шекеринска ако Законот за Јавно обвинителство е клучот за побрз почеток на преговори со ЕУ, Законот за одбрана практично е последниот чекор кој ќе ја направи земјава де факто реална членка на НАТО.
„И не мислам дека било кој пратеник во Собранието ќе одлучи да се коцка со нешто што толку тешко го стекнавме“ рече Радмила Шекеринска, министер за одбрана.
Амбасадорката на Британија, Рејчел Галовеј, денеска изјави дека Македонија веќе ја игра својата улога во НАТО и сега ќе го земе вистинското место во Алијансата во структурите за носење одлуки.
Сепак, тоа според Шекеринска тоа нема да биде целосно без носење на Законот за одбрана т.е. легислативно прифаќање на системот на колективна одбрана на НАТО, но и менување на процедурата за учество во мисии на со преземање на обврска државата да биде побрза, поефикасна и на време да реагира.
Тамара Грнчароска