
Законот за ЈО на собраниска седница само со усогласен текст и обезбедено мнозинство
Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, е убеден дека доколку политичките партии се договорат за новото законско решение за Јавно обвинителство, целата постапка може да заврши за само еден ден. Текстот засега е само најава или идеја, а Собранието работи по конкретен предмет. Во моментов ваков закон има на дневен ред на 108-та седница а за предлогот усогласени се триесетина амандмани . Сега се чека на нов предлог.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на преговорите но ќе инситираат да се прифатат нивните забелешки за избор и разрешување на државен јавен обвинител.
Социјалдемократите со обвинувања дека законот се кочи поради стравот на опозицијата од процесуирање на предметите против поранешни и актуелни функционери.
Работните групи утре ќе треба да ја утврдат методологијата за работа. Неизвесно е дали и кои од забелешките на експертската јавност ќе бидат вметнати во новото законско решение.
Јулијана Пешевска