Законот за јазици нема да се применува во судница додека не се промени ЗКП

Законот за јазици нема да може се применува во судовите додека не се сменат системските закони како што се законите за кривична, прекршочна парнична, постапка и други кои се носат со 2/3 мнозинство и со кои поинаку се уредува и употребата на јазиците во постапките. Од Министерството за правда најавуваат усогласување на другите закони со овој закон а власта има една година за да обезбеди 80 гласови за измени на законите што ги регулираат судските постапки, бидејки во Законот за јазици е оставен рок од една година за усогласувањње.

Законот за употреба на јазиците е закон кој е донесен со просто мнозинство, додека пак Законот за кривична постапка е со двотретинско мнозинство, па во таа насока Законот за употреба на јазиците во случајот не може да има предимство над закон кој е донесен со двотретинско мнозинство. Од таа причина, потребна е хармонизација на Законот за кривична постапка со цел да се хармонизираат одредбите во тој закон. велат од Министерството за правда.

Од Кривчниот суд велат дека работат согласно законот за Кривична постапка и Законот за судови и судскиот деловник каде е јасно регулирано како странките во постапките, кои зборуваат јазик различен од Македонскиот јазик, може да го користат мајчиниот јазик, а судот е должен да им обезбеди бесплатна помош на преведувач како и превод на сите писмени документи.

Кривичниот суд засега нема добиено нови напатствија од повисоките судски инстанци за евентуални промени при користење на јазик различен од службениот при водење на судските постапки и работа на судот, велат од Кривичниот суд.

Досега според ЗКП право на употреба на мајчиниот јазик имаа обвинети, оштетени, сведоци и другите учесници кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Со законот за јазиците сега судските постапки ќе се водат на Албански јазик и доколку судија, јавен обвинител зборува албански, а не само странка или учесник во постапката.

Ова ќе предизвика дополнителни финасиски реперкусии за судовите и обвинителствата, но за сега нема точна бројка колку дополнитлени средства ќе го чини правосудството ваквите законски измени. Првичните проценки беа дека новиот Закон за јазици ќе го чини буџетот 1,7 милиони евра.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ