Законот за јазици ќе се донесе

Премиерот Зоран Заев очекува Законот за јазиците да биде донесен до  крајот на неделава со што ќе биде затворен и последниот легалистички аспект од рамковниот договор. Упати апел да се даде можност тој да се имплементира и реалзира со што ќе се види дека не е нешто што е болно, тешко и трагично. Владата е стабилна а парламентарното мнозинство има тенденции да се зголеми, рече Заев. Како ,,копи пејст“,  ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ќе дадат подршка на СДСМ за реформските закони само доколку се повлече Законот за јазици.

Вицепремиерот Бујар Османи е загрижен од најавите дека опозицијата ќе ги спречи реформите во правосудството и јавната администрација доколку се донесе Законот за јазици. Вели дека го разбира ВМРО – ДПМНЕ дека му е потребно гориво за мобилизација на членството, но меѓуетничките односи не се тоа што нив треба да ги поткрева.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со предлог до премиерот Заев дека ќе ја подржат Владата во сите реформски процеси, но под еден услов, да се тргне Законот за јазици од собраниска процедура.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ