Законот за антикорупциска пред пратениците, недостатоците остануваат

Откако Собранието крена рака да се носи по скратена постапка, денеска пратениците одново се соочени со гласањето на законот за спречување на корупција. Се подготвува од јули, а реакциите се дека и покрај укажувањата, надлежното министерство не ги отстранило недостатоците. Новиот начин на избор на членовите охрабрува, но загрижува начинот на нивно разрешување.

Со новото законско решение одново ќе ги бира собранието со дополнителна комисија за селекција формирана од Комисијата за избори и именување, а ќе ги плаќа владата, вели Поповиќ, кој се сомнева дека на овој начин тие ќе можат слободно да гонат функционери.

Девети месец просториите на оваа институција фаќаат прашина откако повеќето членови од претходниот состав, откриени со злоупотреби за исплата на недоместоци, си поднесоа оставки. Владата побара трпение за реформски закони, а невладниот сектор е загрижен дека со новиот закон ќе се забави изборот на нови членови.

Во новот законско решение се отфрла и задолжителната обврска лица со овластувања, полицајци, цариници и други сектори да ја пријавуваат имотната состојба.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ