Законот за амнестија пред пратениците

Нема амнестија за организаторите и подготвувачите на упадот во Собранието на 27 април, за оние што извршиле насилство, влегле маскирани, носеле оружје или експлозивни средства, или, како службени лица ги пречекориле своите овластувања. Текстот на законот е целосно доусогласен во Координативното тело за помирување. Обвинетите и осудените ќе добијат рок од 5 дена самите да поднесат барање, а Судот ќе им одговори за пет дена.

Ременски и Александрова како копретседавачи со Телото не коментираат како Судот ќе носи одлуки при почнат а незавршен судски процес и при недокажано кривично дело.

Законот, што се очекува да биде донесен уште вечерва, нема поддршка од ВМРО ДПМНЕ. Опозициската партија бара целосна неселективна амнестија.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ