Законот за амнестија е преседан во правото

Законот за амнестија е преседан во правото. Кога политиката ќе заигра во дворот на правото, тогаш повеќе не можеме да зборуваме за негово владеење, коментираат правните експерти. Поранешниот судија во Уставниот суд Трендафил Ивановски вели дека иако ова е изнуден потег од кој зависат многу процеси во државата, недозволиво е некој да се амнестира без да има судска пресуда.

Професорот по кривично право Никола Тупанчевски на својот фејзбук профил напиша: ,,Уникатен карактер на Закон за амнестија непознат во компаритивното право. „Тој треба да биде базично четиво за идните студенти како не треба да изгледа ваков закон“. Како  ќе се убеди некој дека правната држава функционира. „Ова е правен дилетанизам“, коментира Тупанчевски.

Специјаланата обвинителка Катица Јанева одбива да ја коментира содржината на Законот со образложение дека не е во нејзиниот домен на работа. Но, сепак укажува дека овој Закон нема никаква сличност со амнестијата што во 2016 година ја даде Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов за обвинетите во случаите што ги води СЈО.

Владата и натаму уверува дека тие не се мешаат во судската власт, а Законот за амнестија е производ на историските процеси кои во моментов се случуваат.

Законот за амнестија веќе е испратен на потпис кај Претседателот Иванов по што се очекува да се објави во Службен весник и да стапи на сила.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ