Законите не треба да се прават за некој да се спаси, сметаат експертите

Од една страна ќе седат министерката за правда Рената Дексовска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, наспроти нив треба да бидат членовите на работната група на опозицијата но составот се уште не се открива.  Имињата но и датумот и локацијата на која ќе се разговара за СЈО ќе се знае најрано утре. ДУИ претходно ги усогласи ставовите со колаициониот партнер уште пред нацрт верцијата да ја види јавноста. Сега тврдат дека никогаш не инсистирале Катица Јанева и нејзиниот тим да биде променет во рок од една година и половина, ниту дека барале бомбите да се исфрлат од новите истраги, меѓу кои и се и Попис против Ахмети и Пациент за Османи.

ВМРО ДПМНЕ пак јавно призна дека не и даваат поддршка на Јанева и соработниците. Токму затоа и експертите очекуваат дека главни тмеи нма преговори ке биде мандатот на актуелните обивнители, бомбите и новите истраги. Што би се жртвувало, професорот по кривично право Калајџиев не сака да говори од напред, но смета дека политичарите не смеат да се пазарат на сметка на правото а законот треба да биде право издржан.

Според Калајџиев, не треба да се избрзува со законот и треба со правни аргументи да се решаваат правни прашања.

Калајџиев смета дека со новиот закон не може целосно да се премости опасноста запирање на некои новотоврени истраги на СЈО поради начелното правно мислење на Врховниот суд според кое рокот од 18 месеци за обвиненија е истечен .

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ