Закони во интерес на граѓаните, а не за тесни бизнис и партиски градежни мотиви

Комплетна реформа на регулативата, со која законите нема да задоволуваат само партиски и тесни бизнис мотиви како досега, туку ќе се грижат за јавниот интерес, бараат градежната фела и невладините. Во изминативе 10 години овие прописи претрпеа близу педесетина измени, често погрешни и без консултации со струката, не водејќи грижа за потребите на граѓаните и на гхрадежната индустрија.

„Тие беа водени од партиски, партикуларни или дури и поединечни бизнис мотиви, па закон кој треба да важи за сите е менуван за само еден проект или за само еден поединечен човечки интерес, таквите менувања го направија Законот не само криминализиран, туку и дисфункционален“, вели Грчев.

Темелни промени мора да доживее целосно планерското и градителското законодавство, почнувајќи од Законите за градење и просторно урбанистичко планирање, но и законоите за градежно земјиште, катастар и културно наследство. Тие не смеат да бидат противречни меѓу себе како досега и да се применуваат кому како9 му одговара.

„Сега, едно пишува во Законот за просторно и урбанистичко планирање, друго пишува во Законот за градење, и зависно што ви нтреба да направите, каква дупка, каква кривина треба да изведете, ќе го употребите едниот или другиот закон или комбинација… Напаѓани беа парковите, слободниот простор, плоштадите, кејовите беа користени за градење, местата за најголем јавен интерес беа жртви на неартикулираните и штетните измени“, вели Грчев.

Анализите покажале дека има шанси сегашните закони да се обединат во еден, да се воспостави систем кој ќе го врати поредокот, ќе ги заштити гражаните, компаниите и зеленилото. Препораките од денешната дебата ќе бидат испратени во Министерството за транспорт и врски – на потег е Владата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ