Закон и правилници „ДА“, но нема пари за додатоци за судии, судски службеници и судска полиција

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски не е вознемирен од ултиматумот на судските полицајци и службеници кои бараат до 31 јануари да им се исплати 35 проценти додаток на плата, а во спротивно штрајк. Пари нема, вели Караџвоски којшто денеска со поддршка од членовите на Судскиот совет ги усвоија правилниците за исплата на додатоците за судиите и судската служба.

Најавата дека нема да има редовни исплати на додатоците не им се допаѓа и на судиите. Од Здружението на судии ја смируваат тензијата дека прво треба да го чујат ставот на владата, а потоа да тужат. Судскиот совет изтуринава заглави во дискусија за примената на Законот  за јазици. Дел од членовите побараа негова итна примена, и нови вработувања на преведувачи.

Караџовски, е уверен дека примената треба да оди полека за да не се закочи работата на судовите.

Адеми побара наредната седница материјалите и поканата да им стаса на албански јазик, на што претседателот Краџовски рече дека ќе го почитува уставот и законите и на таблата на влезот ќе додаде Судски совет на албански и англиски јазик.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ