Заклучоци за Македонија од ЕУ за отворање пристапни преговори

Понатаму, во заклучокот на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ се наведува:

1.Откако го анализираше ажурираниот извештај на Комисијата од 2 март 2020 година за напредокот постигнат од Република Северна Македонија, Советот ја поддржува решеноста што ја покажа земјата да ја унапреди агендата за реформи во ЕУ и достави материјални и одржливи резултати, исполнувајќи ги услови утврдени од Советот во јуни 2018 година за започнување на преговорите за пристапување.

2.Имајќи го предвид напредокот постигнат во реформите и исполнувањето на условите поставени едногласно од страна на Советот во јуни 2018 година, , предмет на одобрување од членовите на Европскиот совет, Советот на министри за надворешни работи одлучи да отвори преговори за пристапување со Република Северна Македонија.

3. Советот ја поканува Комисијата да достави предлог рамка за преговори во согласност со заклучоците на Европскиот совет во декември 2006 година, интегрирајќи го засилениот пристап кон процесот на пристапување во согласност со ставот 3. Советот ја нагласува намерата на Комисијата веднаш да ги започне потребните подготовки

4.Првата меѓувладина конференција треба да се свика што е можно поскоро по усвојувањето на рамката за преговори од страна на Советот. Советот дополнително ја поканува Комисијата да продолжи да го следи напредокот и континуираната усогласеност во сите области на условите утврдени од Советот во јуни 2018 година поврзани со отворање на преговори и да го спроведе и заврши процесот на аналитичко испитување на усогласеноста на земјата со правото на ЕУ, почнувајќи од кластерот за „основи.

Инаки кластерот „основи“ ги опфаќа поглавјата 23 и 24, за правосудство и човекови права како и правда слобода и безбедност, а со новата Методологија додадени се: економскитe критериуми, функционирање на демократски институции, реформа на јавна администрацијам јавни набавки, статистика и финасиска контрола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ