
Закажано првото рочиште за „Рекет“
Првото рочиште за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец е закажано за 3 декември, во 10 часот.
Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.
Судот пред неколку дена им ги отфрли сите приговори на Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и во целост го одобри обвинението.
Случајот „Рекет“, Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата се прошири и кон специјалната обвинителка Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скопје, а Зоран Милески-Кичеец со одлука на судот беше префрлен во домашен притвор.