Заканувачот преку социјалните мрежи се соочи со своите жртви во судницата

Емил Јакимовски –обвинет за семејно насилство и за закани кон новинарската Мери Јордановска се соочи со своите жртви во судницата. Може да го следи судењето тврди психајтарот кој го направил вештањето за него. Додека тој молчеше судијката соопшти дека во затворот Шутка го уловиле како дава насоки на членови на неговото семејство за да управавуваат со неговиот фејсбук и портал. Тој, пак, тврди дека не треба да е зад решетки во притвор бидејќи заради интересот на медумите во неговиот случај ја загубил работата.

Во оваа медиумска хајка против мене е успено да се издејствува мое бркање од работа од Централниот регистар, до утре морам да поведам до надлежен Основен суд работен спор, немам можност да поведам постапка бидејќи немам законски застапник. Бидејќи немам можност да се бранам, барам судот да ме пушти на слобода, рече тој.

Работата ја загуби, бидејќи преку официјалната страна на Централниот регистар со кој тој управувал службено, ја злоупотреби за да пишува навредливи и заканувачки содржини. Тој не смее да излезе од притвор бидејќи е опасен за оклината, тврди адвокатот кој ги брани оштетните.

Одбранта на Јакимовски побара наредното рочиште да се слушне мислењето на психијатарот, но без јавноста.

Јакимовски ја брануваше јавноста, но и сигурноста на неговата поранешна сопруга и новинарката Мери Јордановска. Вербално се пресметуваше и со десетици други лица, а по неколкудневно трагање обвинителството го пронајде и за него побара и доби притвор во истржаниот затвор Шутка.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ