Заканувачот Јакимовски приведен поради семејно насилство

Приведен е Емил Јакимовски, екс-вработениот во Централен регистар кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Во моментот тој е во полициска станица, потврдуваат од МВР за Телма. Од МВР исто така потврдија дека тој бил приведен по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан на понатамошна постапка во координација со обвинителството. Неофицијално, вчера Јакомовски бил пријавен и за други случаи за закани и насилство.

Од скопското обвинителство велат дека се уште не добиле кривична пријава од МВР. Единствено до нив стигнало барање од полицијата да издадат наредба за обезбедување на телефонската и интернет комуникацијата на Јакимовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ