Заканите од тероризам се поголеми, државите мора да ја вратат довербата кај граѓаните

Заканите од тероризам се се поголеми а најмоќните држави се на работ да изгубат контрола. Ова уште повеќе го поттикнуваат и мешавината од вистински и лажни вести кои оневозможуваат сите да ја откријат вистината, по што недржавните актери започнуваат да функционираат на начин на кој ќе ја донесат секоја држава на работ на војна. Ова се пораките кои ги испрати Мириам Коен од Научниот комитет на универзитетот во Фиренца, од завршетокот на НАТО конференцијата на тема одбрана од тероризмот.

„НАТО земјите и сите оние кои граничат со нив ги чувствуваат заканите од тероризмот. Мора да се изгради повторна доверба меѓу граѓаните низ цела Европа дека институциите функционираат добро. Кога некој акт се нарекова тероризам тоа е предизвик за државите а државите реагираат на тој начин што бараат решение што е можно побрзо при тоа не размислувајќи за сопствените постапки. На тој начин со се поткопуваат основните вредности на тие држави“, вели Коен.

Владеењето на правото е еден од сегментите кои би ја одвеле Македонија до членство во НАТО алијансата, порачаа учесниците на завшниот дел од работилницата. За претседателот на Врховниот суд Јово Ванѓеловски, земјава има направено повеќе измени на закони а донесени се и националната стратегија за борба со насилен екстремизам со што е испратена јасна порака за заложбите за борбата со тероризмот. Обвинителот од организиран криминал Владимир Милошевски кој работеше на случајот „Ќелија“ вели дека тоа е конкретен пример каде е санкционирана мрежа за регрутирање на борци вклучени во терористички напади.

Инаку работилницата која е во рамки на програмата на НАТО, Наука за мир и безбедност имаше за цел да го зголеми разбирањето од терористичките закани, како да се препознаваат и да се научи како да се регира на нив.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ