Заканите кон новинарките во рацете на скопското обвинителство

МВР го префрли во скопското обвинителство случајот со заканите кои отпуштениот државен службеник Емил Јакимовски ги упатувал кон две новинарки.

МВР потврди дека е испратено писмено известување до основното обвинителство за понатамошна постапка во врска со преземените активности. Заканувачот кој е пријавен за кривични дела поради заканите вчера дал исказ и во полициска станица каде бил повикан.

-Во текот на вчерашниот ден во консултација со Основното јавно обвинителство извршен е разговор во полициска станица со лицето Е.Ј. Од страна на службени лица преземени се мерки и дејствија со цел расчистување на пријавените кривично-правни настани и испратено е писмено известување до ОЈО Скопје во врска со преземените службени активности, соопштија од МВР.

Обвинителството сега треба да одлучи како ќе ја продолжи постапката. Новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска викендот пријавија дека преку социјални мрежи добиле серизони закани и навреди од Емил Јакимовски. Тој во неделата беше отпуштен од Централниот регистар каде бил вработен како државен службеник. Истрагата ја презеде одделот за насилен криминал во СВР Скопје.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ