Закани за возачот на автобусот во несреќата кај Ласкарци

Возачот на автобусот на Дурмо Турс Мане Трифуновски добивал закани по живот. Ваквите сознанија пристиганале и до државниот обвинител Љубомир Јовески но за сега тој не открива кој му се заканува и што се презема околу тоа. Обвинителите потенцираат дека треба да се почитува неговата презумпција на невиност, затоа што досега не е утврдено чија е одговорноста за тргичната сообракајка чиј црн биланс брои 15 загубени животи и десетици провредени.

Телма објави дека по сообраќајката возачот со своето семејство не престојува во својот дом, според соседите тој е преселен надвор од Гостивар, но сепак е достапен за истрагата бидејки се појави во обвинителството. Што кажал на краткиот распит во вторникот не се открива, но од скопското обвинителство кое ја води истрагата велат дека за сега официјално од МВР не добиле известување дека се документирани закани по живот на Трифуновски. Во меѓувреме секој ден се сослушуваат нови сведоци – очевидци и повредени во сообраќајката, се собираат материјални докази.

Се уште не била испратена покана до сопственикот на Дурмо Турс, Дурмиш Бељули но од скопското обивнителство за Телма потврдија дека и тој ќе биде повикан. Од Aлијансата на Албанците се сомневаат дека ќе се расветли оваа собраќајка и вистинските виновници ќе одговараат, бидејќи посочуваат дека сопственикот на Дурмо турс е финансиер на ДУИ и бараат анкетна комисија во Собранието.

Уште на почетокот на истрагата Бељули во изјава за медиумите го впери прстот кон возачот дека изгубил свест а за автобусот тврдеше дека бил исправен. И покрај тоа што автобусите минувале технички преглед во фирма во која е тој сопственик, тврдеше дека немало пропусти ниту прогледување низ прсти.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ